Објавено на април 12, 2018

Соопштение за отворена телефонска линија

ПОЧИТУВАНИ

Ве информираме дека во рамките на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, орган во состав на Министерството за здравство, има ставено во функција отворена бесплатна телефонска линија со бр.080025555, на која во текот на работното време можете да пријавувате неправилности во надлежност на Инспекторатот. При тоа Ве информираме за надлежностите на овој орган:

  • Во областа на санитарно-хигиенската и епидемиолошката заштита, Инспекторатот врши надзор особено над спроведувањето на мерките за појава и спречување на заразните болести во објекти кои се подлежат на надзор од ДСЗИ, по евидемиолошка индикација во објектите за производство и промет на храна, надлежности во однос на безбедноста на предметите за општа употреба и тоа; детски играчки, средства за одржување на чистотат, козметички производи; исполнување на условите за вршење на дејност во објекти од надлежност на снитарната и здравствената инспекција; санитарно-хигиенските услови во објектите, просторот, просториите, уредите и опремата во кои се врши здравствена дејност и дејности во областа на образованието, културта, социјалната заштита, спортот и рекреацијата, јавниот превоз, угостителството, туризмот, трговијата и другите стопански гранки;
  • Во областа на здравствената заштита, Инспекторатот врши надзор особено над остварувањето на правата од здравствената заштита, остварувањето на правата од здравственото осигурување, вршењето на здравствена дејност согласно со одобрение од МЗ, почитување на работното време во здравствените установи, водењето на евиденциите во областа на здравството, примената на прописите од областа на здравството (ментално здравје, биомедицинско потпомогнато оплодување, прекин на бременост и др.) од областа на правата на пациентите, начинот на постапување со медицинскиот отпад во здравствените установи, примената на одредбите од областа на заштитата од пушењето и др.

Со воведувањето на отворената тел.линија ДСЗИ, Ви стои на располагање за пријавување на било какви неправилности во рамките на неговите надлежности, а на кои сте наишле како проблем во остварувањето на вашите права согласно прописите од областа на здравството.

Со почит,

Објавено во: Новости