Објавено на август 9, 2018

Сooпштение за организирани патувања на аџилак за 2018год.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со претстојните патувања на граѓани на РМ од исламска вероисповед, во Саудиска Арабија на аџилак, ја информира јавноста за условите и начинот под кои може да се организираат овие патувања, согласно Законот за заштита на населението од заразните болести, неговите поздраконските акти и согласно меѓународните здравствени правила.
1.Лицата кои патуваат на аџилак (масовни собири), во земји ризични на одредени заразни заболувања, можат да патуваат само организирано во групи не помали од 40 лица.
2.Организаторот на патувањето должен е:
– во придружба на секоја група, да обезбеди најмалку по еден лекар (да достави лиценца за лекарот до ДСЗИ) со соодветна медицинска опрема и лекови,
– десет дена пред почетокот на патувањето да достави список на патници до ДСЗИ со податоци за година на раѓање, место и адреса на живеење, број на патна исправа, број на лична карта и
– да достави Извештај за патувањето до ДСЗИ со податоци за организаторот, денот на поаѓање и враќање, како и назначени гранични премини и земји низ кои ќе патуваат до Саудиска Арабија.
3. Лицата кои патуваат на аџилак должни се да имаат обезбедено Меѓународно вакцинално уверение (жолта книшка) со доказ за извршена имунизација против менингоков менингит, во надлежен Центар за јавно здравје ( по место на живеење) 10 дена пред заминувањето.
4. Лицата при нивното враќање од аџилак, на самиот граничен премин, влез во РМ од страна на ДСЗИ со решение ќе бидат задолжени да се јави на здравствен надзор во надлежен Центар за јавно здравје.
Наведените мерки треба да ги испочитуваат организаторите на патувањата и самите патници, а за непочитување на било која од нив, од страна на ДСЗИ ќе бидат поведени соодветни законски постапки.
Во Република Македонија единствени точки за влез и излез се Меѓународниот аеродром Скопје за патувања на масовни собири по воздушен пат и граничен премин Деве Баир, за патувања по сувоземен пат. Доколку за патувања по сувоземен пат ДСЗИ не биде навремено информиран, нема обврска за обезбедување на дежурна екипа на Деве Баир.
На ден 26.07.2018 год. со претставници на Исламската верска заедни, МВР, Центри за јавно здравје, ИЈЗ и МЗ, (претставници од ТАФ Мегународен Аеродром Скопје не дојдоа), добиен е податок дека обезбедена е вакцина против менингококен менингит. Како и предходните години и годинава вакцината е донација од Република Турција, истата по добивање на потребна документација од Агенција за лекови, преку ЈЗУ ЦЈЗ Скопје, ја подигаат и останатите центри за јавно здравје. Годинава од РМ за Саудиска Арабија на аџилак ќе патуваат 672 лица, а до моментов најавени се само патувања по воздушен пат преку Мегународниот аеродром Скопје и тоа за ден 11, 12, 14 и 15.08.2018год. Пред заминувањето на аџилак на секој патник ке му биде проверено МВУ (жолта книшка) заради проверка на вакцинацијата против менингококем менингит, како и проверка на документацијата за придруќба на групите од доктор.
До моментов нема најавено патувања по сувоземен пат за кои единствена влезна и излезна точка за наши граѓани е Граничен премин Деве Баир.

Објавено во: Новости