Објавено на јули 14, 2021

ИНФО активности на ДСЗИ

Државниот санитарен и здрватсвен инспекторат започна акција со вонредни инспекциски надзори во оперативните блокови при универзитетеките клиники во кампусот Мајка Тереза, со цел да се изврши увид во состојбата  од аспект на асептични улови и постапки при вршењето на хирушките интервенции.

Надзорите се вршат во соработка со ЈЗУ Институт за јавно здравје при што од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за прв пат се воведува нова активност со користење на апарати и медицински средства (брисеви) кои до сега при надзорите не не се користени, а укажуваат на органска контаминација на опремата и приборот во здравствените установи. Врз основа на добиените резултати, на местата каде постои можност од бактериска контаминација, од страна на екипата од ИЈЗ се земаат брисеви и друг материјал за микробиолошко испитување.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, од страна на државните санитарни и здравствени инсоектори извршени се надзори во оперативните блокови во ЈЗУ УК за очни болести, ЈЗУ УК за уво, нос и грло, ЈЗУ УК за дигестивна хирургија, ЈЗУ УК за трауматологија, ЈЗУ УК за урологија, УК за пластична и реконструктивна хирургија, ЈЗУ УК за неурохирургија,. ЈЗУ УК за детска хирургија и ЈЗУ УК за торакалана и васкуларна хирургија.

Со акцијата планирано е да бидат првично опфатени здравствените установи кои имаат оперативни блокови, односно универзитетските клиники, клиничките болници, специализираните болници, општите болници, а во втората фаза и ендоскопските кабинети, асептични сали и друго.

При надзорите истовремено од страна на ДСЗИ се укажува на важноста за постоперативното следење  на пациентите од аспект на појава на интрахоспитални инфекции, со напомена дека непријавувањето на интрахоспиталните инфекции е прекршок казнив по закон.