Листа на информации од јавен карактер

  1. Основни податоци за контакт со имателот на информации

Државен санитарен и здравствен инспекторат, орган во соатав на МЗ со својство на правно лице,

Одговорно лице д-р Иринка Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер – д-р Стојковска Оливера, тел.075 26 88 30

Ул. „50 Дивизија“ бр.14 Скопје, тел.3 121 146, адреса за електронска пошта, веб страна?

  1. Начин на поднесување на Барање за пристап до информации од јавен карактер:

Барањето може да се поднесува усно, писмено или по електронски пат, на македонски јазик и неговото кирилско писмо или на јазик различен од македонскиот односно службениот јазик и писмо што го употребува барателот, во согласност со закон. Образецот за Барањето е даден во прилог.

Барањето се поднесува до архивата на органот.

Рокот во кој треба да се одговори на барањето е 30 дена, со можност за продолжување за 10 дена.

  1. Прописи кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации – (дадени се во посебен дел на веб страната.)
  2. Документи кои се однесуваат на работата на ДСЗИ:

– Програма за работа на ДСЗИ,

– Стратешки план на ДСЗИ,

– Годишен извештај за работата на ДСЗИ,

– Квартални извештаи за работата на секој инспектор,

– Квартални планови за работата на секој инспектор,

– Закони и подзаконски акти од надлежност на ДСЗИ

 

  1. Повици во постапката за јавни набавки и тендерска документација,

(дадени на веб страната на ДСЗИ)

  1. Надлежности на ДСЗИ согласно закон:

Инспекцискиот надзор што го спроведува ДСЗИ ги опфаќа просторот, објектите, просториите, уредите и опремата, дејностите и лицата кои вршат здравствена дејност, како и лицата кои на било кој начин можат штетно да влијаат врз здравјето на населението.

Надлежности на инспекторатот

Инспекцискиот надзор се врши особено над:

  • спроведување на општи и посебни мерки за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на заразните болести и на инфекциите, а по епидемиолошка индикација – кога постои опасност од причинител на инфекција на заразни болести и во објектите за производство и промет на храна;
  • исполнување на условите за вршење на дејнсот согласно со посебни прописи во објекти од надлежност на инспекторатот;
  • остварувањето на правата од здравствената заштита;
  • остварување на правата од здравственото осигурување;
  • производство и промет на опојни дроги, отровите и прекурзорите распоредени согласно со прописите во групата на отрови;
  • спроведување на мерките за заштита од штетни материи и влијанија врз здравјето на луѓето;
  • санитарно-хигиенските услови во објектите, просторот, просториите, уредите и опремата на лицата кои вршат здравствена дејнсот и дејности во областа на образованието , културата, социјаланта заштита, спортот и рекреацијата, јавниот превоз, угостителството, туризмот, трговијата и други стопански гранки;
  • лицата кои на работните места со својата здравствена состојба можат да го загрозат здравјето на населението, а по епидемиолошки индикации – кога постои опасност од причинител на инфекција на заразни болести и во објектите за производство и промет на храна;
  • ексхумацијата и преносот на умрените лица на територија на Република Македонија и преку нејзините граници;
  • безбедност на на предметите за општа употреба при производство и промет и тоа: детски играчки, козметички производи, суспстанции за производство и амбалажата за тие производи и определени предмети што при употреба доаѓаат во непосреден допир со кожа и слузница;
  • инфраструктурните и другите објекти во случај на кризни состојби и други вонредни услови;
  • создавањето, селектирањето, пакувањето и одлагањето не медицинскиот отпад;
  • заштитата од штетните влијанија на пушењето на тутун и другите производи од тутун;
  • вршењето на здравствена дејнсот согласно со одобрение донесено од надлежен орган;
  • вршење на дополнителна дејност согласно со потпишаните договори;
  • придржувањето на условите во текот на работењето во поглед на просторот, опремата и кадарот за вршење на определени здравствени дејности;
  • распоредот, почетокот и завршувањето на работното време во здравствените установи;
  • извршувањето и содржината на систематските и превентивните здравствени прегледи;
  • евиденции во областа на здравството;
  • општите акти на здравствените установи;
  • дава согласности и мислења во постапка за издавање на одобренија за градба, како и други согласности и мислења на барање од надлежен орган утврдени со закон или друг пропис;
  • надзор над спроведувањето на прописите во однос на безбедност на крв;
  • надзор над спроведувањето на прописите во однос прекин на бременост;
  • надзор над спроведувањето на прописите во однос на континуирана медицинска едукација;
  • надзор над спроведувањето на прописите во однос на јавното здравје;
  • надзор над спроведувањето на прописите во однос на менталното здравје;
  1. Организација на ДСЗИ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат е со статус на правно лице и е орган во состав на Министерството за здравство, со кој раководи директор. Организиран  е во  пет сектори и три одделенија непосредно одговорни пред директорот.

Организацијата на работата и систематизацијата на работните места на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е уредена со Правилник за внатрешна организација и Правилникот за систематизација на работните места на ДСЗИ.

Петте сектори се:

Сектор за инспекциски надзор: 15 подрачни одделенија кои ги опфаќааат  (Скопје 5, Куманово, Штип, Струмица, Велес, Гевгелија, Прилеп, Битола, Гостивар, Тетово и Охрид),

Сектор за стручно-советодавни правни  и управни работи со 2 одделенија:

  • Одделение за правни и управни работи;
  • Одделение за претставки од работен однос и архивско и канцелариско работење;

Сектор за аналитика, стратешко планирање и проекти,   со 2 одделенија:

  • Одделение изработка на извештаите;
  • Одделение за креирање на стратегии и политики и информатичка технологија;

Сектор за стручно советодавни работи од областа на здравството со 2 одделенија:

  • Одделение стручно советодавни и управни работи од областа на епидемиологијата;
  • Одделение за јавно здравје и правата на пациентите;

Сектор за надзор над детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба  со 2 одделенија:

  • Одделение за инспекциски надзор над детски играчки, козметички производи и предмети за општа употерба при увоз, производство и внатрешен промет;
  • Одделение за анализа на ризик ;

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат како посебни организациски единици надвор од секторите ги има утврдено трите одделенија кои се непосредно одговорни пред директорот и тоа:

  • Одделение за управување со човечки ресурси;
  • Одделение за финансиски прашања;
  • Одделение за внатрешна ревизија;
    Службени трошоци за носител на јавна функција

Табела – Службени трошоци за носител на јавна функција Декември 2017 – Мај 2018
Табела – Службени трошоци за носител на јавна функција Декември 2014 – Мај 2015

Образец за барање за пристап до информации од јавен карактер
Потврда за прием на барање за пристап до информации од јавен карактер
Образец за Годишен извештај за пристапот до информации од јавен карактер