За нас

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) има вработени 68 државни службеници од кои двајца раководители на сектори, 15 раководители на одделенија кои истовремено се и овластени државни и санитарни инспектори, а дел од нив се и овластени гранични инспектори, 17 советници – инспектори, 4 советници за правни работи, 10 помлади референти и 21 помлади соработници.
Во склоп на Инспекторатот се вкупно 15 подрачни одделенија кои ја покриваат територијата на РМ. Основната функција на Инспекторатот е да врши инспекциски надзор над спроведувањето на прописите од областа на здравството и тоа од областа на здравствената заштита, заштитата на населението од заразните болести, здравственото осигурување, заштитата на правата на пациентите и правата од областа на менталното здравје, евиденциите од областа на здравството како и останатите прописи дадени во табелата во прилог. Надлежноста, организациона поставеност на Инспекторатот, овластувањата и одговорностите, начинот и постапката за вршење на инспекцискиот надзор, регулирани се со Законот за санитарната и здравствената инспекција (Сл. весник на РМ бр 71/06, 139/08, 88/10, 18/11 и 53/11).
Покрај инспекцискиот надзор, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги има и следните обврски: изготвување на годишен план и програма за работа на Инспекторатот, изготвување на извештаи за работа (месечни, квартални, шест месечни, годишни), изготвување на шестмесечен извештај согласно Законот за заштита на правата на пациентите, изготвување извештаи за Народниот правобранител, извештај за преставки, изготвување на информации, водење на управна постапка, постапување по барање на странка, решавање по жалба во првостепена постапка, давање на мислења по барање на други органи согласно закон. Теренските активности на Инспекторатот воглавно се инспекциските надзори (редовни, контролни и вонредни), надзори по поднесени преставки и барања од странки, увиди во здавствени објекти како членови во Комисии кои се формирани во Министерството за здравство и други државни органи како што се: утврдување на услови за ценење на услови по однос на простор и опрема во постапка за добивање на дозвола за работа на јавни и приватни здравствении установи од сите нивоа на здравствена заштита, учество во изготвување на закони и подзаконски акти, учество во комисии за стручен надзор, учество во изработка на оперативни планови, учество во оперативниот дел на работата во поедини Проекти.