Објавено на март 29, 2018

Средба со делегација од Министертвото за здравство – Здравствен инспекторат на Р. Косово

На 27.03. 2018, Директорката на ДСЗИ, д-р Иринка Сотирова-Бухова оствари средба со делегација од Министертвото за здравство – Здравствен инспекторат на Р. Косово предводена од директорката на инспекторатот д-р Ардита Бараку. Делегацијата беше примена и од министерот за здравство, д-р Венко Филипче.
На неформалната средба, меѓу другото се разговараше и за постапките и начинот на кој Државниот санитарен и здравствен инспекторат на РМ врши инспекциски надзор во областа на здавството во здравствените установи – приватни и јавни во РМ инспекторите на ДСЗИ вршат надзор во повеќе сегменти и тоа:

  • Санитарно-хигиенски и санитарно-технички услови во објектот – особено начинот на кој функционира Комисијата за заштита од интрахоспитални инфекции во болничките здравствени установи и меѓусебната соработка со инспекторатот
  • Учество во оценувањето на менаџерскиот тим на здравствените установи со квартална евалуација на БСЦ индикатори (избалансиран приказ на постигнувања)
  • Постапката за одземање на дозвола за работа на здравствените установи и одземање на лиценца за работа на здравствен работник
  • Услови кои треба да се исполнат за вршење на дополнителна дејност на здравствените работници.

По меѓусебното запознавање со актуелните состојби во македонскиот и косовскиот здравствен систем и разменување на искуствата од сферата на надлежностите на двата инспекторати, беше заклучено дека во иднина треба да се продлабочи соработката меѓу инспекторатите, потпомогната од министерствата за здравство на Р. Македонија и Р. Косово.

Објавено во: Новости