Објавено на декември 12, 2019

Активности на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во второ полугодие 2019год.

 

На 16.09.2019год. во простоиите на Дом на пратеници, одржан е работен состанок на ДСЗИ во рамките на Експертската мисија за прекугранични закани по здравјето во областа на заразните болести-подготвеност и одговор.
Целта на експертската мисија беше да се обезбедат информации за учесниците во процесот на имплементација на Одлуката 1082/2013/EU и Меѓународната регулатива во врска со сериозни прекугранични закани. Мисијата е спроведена од страна на Г-дин Јохан Фонтен, Научен офицер за заразни заболувања и контрола на заразни заболувања при Федералното министерство за здравство од Германија.
Експертската мисија беше реализирана од страна на ТАIEX инструментот во соработка со Министерството за здравство и ДСЗИ.

 

                                                       Годишна работна средба на ДСЗИ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на ден 24-25 октомври 2019 год. организираше годишен работен состанок
во просториите на Едукативнит Центар – „Алкалоид“, во Дојран.
Во рамките на работниот состанок одржани се специјализирани обуку преку презентации од областа на Јавното здравје-одговор на закани, Интрахоспитални инфекции, Медицински отпад, Здравствената заштита, Безбедноста во снабдување со крв, Безбедноста на козметичките производи како и Безбедноста на производите