Објавено на јули 1, 2020

Известување до јавноста за дозволите за професионалните возачи на товарни возила за влез на територијата на Република Северна Македонија

Почитувани,

Ве извстуваме дека согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на Коронавирусот COVID-19, од Осумдесет и осмиот состанок одржан на 30 јуни 2020 година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат повеќе нема да издава ДОЗВОЛИ за влез во Република Северна Македонија на професионални возачи на товарни возила кои се придржувале на посебниот здравствен и протоколарен режим.
Препорачуваме веќе издадените дозволи да ги сочувате сѐ до целосно нормализирање на состојбата.