Објавено на август 9, 2020

Соопштение од директорката на ДСЗИ Д-р Ирина Сотирова Бухова

По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство.
Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро,немам никакви синтоми.
Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемолошката препорака, ќе останам дома.
Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца.

Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата.

Д-р Ирина Сотирова Бухова