Објавено на октомври 13, 2020

Соопштение

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја информира јавноста дека сите лица кои се тестираат на ковид-19 потребно е во лабораторијата да дадат точни податоци за  адресата  каде  ќе ја спроведат изолација (доколоку излезат позитивни) ако истата не се совпаѓа со адресата по лична карта. Наведеното се однесува и за лицата контакти на позитивен случај на ковид-19при нивното анкетирање од страна на епидемиолог од надлежен Центар за јавно здравје. Наведеното е од особено значење при проверките кои ги прави Министерството за внатрешни работи и  секое не наоѓање на лицето нададената адреса повлекува покренување на соодветна постапка за која што ДСЗИ нема да презема никаква одговорност.