Објавено на февруари 27, 2022

Продолжува акцијата на ДСЗИ со вонредни инспекциски надзори во оперативните блокови

Државниот санитарен и здрватсвен инспекторат, на ден 14.02.2022год. по трет пат спроведува вонредни инспекциски надзори во болничките здравствени установи на територијата на Република Северна Македонија, со цел да се изврши увид во состојбата во оперативните блокови од аспект на асептични улови и постапки при вршењето на хирушките интервенции.

И овој пат од страна на ДСЗИ ќе биде вршен микробиолошки мониторинг со користење на апарати и медицински средства (брисеви) кои укажуваат на органска контаминација на работните површини и опремата во оперативните блокови при наведените здравствени установи. Врз основа на добиените резултати, на местата каде постои индикација за бактериска контаминација, од страна на екипата од ИЈЗ ќе се земаат брисеви и примероци од воздух за микробиолошко испитување.

Акцијата е започната со вршење на вонредни инспекциски надзори во оперативните блокови при универзитетските клиники, а ќе продолжи во сите останатите јавни здравствени установи кои располагаат со оперативни блокови (клинички болници, специализирани болници, општи болници)

Истовремено, од страна на ДСЗИ при вонредните иснепкциски надзори се укажува на важноста на работата на Комисијата за спечување на интрахоспитални инфекции во секоја болничка здравствена установа, важноста од епидемиолошка обработка на пациентите пред хирушките интервенции (обезбедување на податоци за преходни оперативни зафати, поставување на протези, импланти, спроведени предоперативни инвазивни дијагностички методи и др.) како и за важноста на постоперативното следење на пациентите од аспект на појава на интрахоспитални инфекции и спречување на нивно ширење.

При тоа ДСЗИ повторно укажува дека појавата на интрахоспитална инфекција не е казнива со закон но законска обврска на здравствената установа представува превземањето на соодветни мерки при појава на интрахоспитална инфекција како и пријавувањето на интрахоспиталните инфекции.