Објавено на октомври 27, 2022

Донација од ДСЗИ до ГОБ 8ми Септември

На ден 27.10.2022 година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат донираше лична заштитна опрема на Градската општа болница 8-МИ СЕПТЕМВРИ во Скопје.

Донацијата ја предаде В.Д Директорката на ДСЗИ, Асс. М-р сци. Д-р спец. Рената Младеновска на Директорот на ГОБ 8- МИ СЕПТЕМВРИ, Проф. Д-р. Христијан Костов.

Донацијата содржи 1040 медицински скафандери за еднократна употреба, 225 мантили за еднократна употреба, 126 Протект Антисептик гел за дезинфекција на раце 500 мл, 50 bacoban (средство за дезинфекција со пролонгирано дејство) и 1000 заштитни маски (N95).

На самото примопредавање, Директорот на болницата истакна дека секоја поддршка е од огромно значење и секоја донација е добредојдена во болница која дава здравствени услуги на голем број пациенти, а притоа го заштитуваме и медицинскиот персонал со опрема која е неопходна во време кога сеуште се бориме со Ковид-19. 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задоволство и во рамките на своите можности и понатаму ќе биде поддршка на здравствениот систем.