СТРУЧЕН СОСТАНОК НА ДСЗИ
Државниот санитарен и здрвствен инспекторат продолжува со востановената пракса за одржување на редовни стручни состаноци.
На ден 25.11.2022 год. Државниот санитарен и здравствен инспекторат одржа стручен состанок во Скопје, на кој присуствуаа инспектори и правни советници вработени во инспекторатот. На состанокот се дискутираше за тековните активности и предизвиците со кои се соочува ДСЗИ, подобрување на условите за работа, унапредувања и стручни усовршувања на испекторите и дигитализација на службата со мрежно поврзување на сите подрачни одделенија во инспекторат кое се планира да започне со реализација во 2023год.
На состанокот се дискутираше и за новините кои се воведуваат од страна на Инспекцискиот совет, поврзани со новиот начин на работа на инспекциските служби (Е -ИНСПЕКТОР). Оваа платформа се воведува во 2023год, целосно поддржана од Влада на РСМ и Европска банка за обнова и развој. Државниот санитарен и здрвствен инспекторат е една од институциите која зема активно учество во повеќе поглавја кои се однесуваат на пристапните преговори на РСМ и хармонизација на законската регулатива нa РСМ со европското законодавство. Во тој контекст, на состанокот беа презентирани две теми од страна на вработени во ДСЗИ кои присуствуваа на објаснувачкиот скрининг во Брисел на 10.10.2022 и 14.10.2022год. за Поглавје 1 – Слободно движење на стоки и Поглавје 28 – Заштита на потрошувачите и јавно здравје.
ДСЗИ и во иднина ќе го задржи континуитетот на овие стручни состаноци кои се од големо значење за успешното функционирање на службата.