Објавено на декември 12, 2022

Работна средба на директорката на ДСЗИ со министерот зaа животна средина и просторно планирање

На покана на Министерот за животна средина и просторно планирање Г-дин Насер Нуредини, разговаравме за предизвиците што и престојат на нашата држава во постапката за определување на заштитни зони околу објектите за јавно водоснабдување.

Министерот ја истакна потребата од донесување на подготвените дваесет и две предлог Одлуки за определување на заштитни зони за водни тела кои се користат за консумирање од страна на човекот, како и за начинот на нивно донесување од страна на Владата на РСМ.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Д-р. Рената Младеновска изрази благодарност за поканата и поддршка во постапката за  определување на заштитни зони околу објекти за јавно водоснабдување. 

Заеднички се согласивме дека снабдувањето со исправна вода за пиење е врвен приоритет на нашата држава и дека сите граѓани на оваа држава го заслужуваат тоа право, кое е уставно загарантирано. 

За таа цел изразувме подготвеност во наредниот период да работиме интезивно на донесување на сите Предлог одлуки за определување на заштитни зони околу водни тела кои се користат за консумирање од страна на човекот.