Објавено на декември 15, 2022

Спроведена акција за засилен надзор над безбедност на детски играчки при увоз и козметички производи во промет

Во периодот од 01 до 31  октомври 2022год. Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе акција – засилен надзор над безбедноста на детски играчки при увоз. Во акцијата беа земени вкупно 25 примероци од детски играчки на 6 терминали (Скопје, Тетово, Струмица, Гевгелија, Куманово и терминал во Штип ), каде во периодот од 01 до 31 октомври беше  резлизиран увоз на детски играчки .  

Изборот на земените мостри е согласно проценка на ризик, базирана на физички преглед на производите, земја на потеколо и  RAPEX системот за брзо предупредување за небезбеден производ. Примероците се доставени во ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ за лабораториски анализи  на безбедноста  на детските играчки. 

Под здравствен надзор се ставени  9966 кг. детски играчки . За наведената количина не е дадена дозвола за пуштање во промет се до добивање на резултати од лабораториските испитувања. Врз основа на изршените лабораториски тестирања и добиените резултати во ЈЗУ ИЈЗ, испитаните примероци одговараат на  позитивните законски прописи, со кои е регулирана безбедноста на детските играчки. 

Во периодот од 07 до 12.11.2022год. Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе акција – засилен надзор над безбедноста на козметички производи пуштени во промет во Скопје , Битола, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија, Велес, Струмица , Прилеп и Тетово . Во акцијата се земени 14 примероци козметички производи и истите се доставени во ЈЗУ ИЈЗ на РСМ за лабораториско испитување на здравствената исправност. Според резултатите од извршените испитувања сите примероци се здравствено безбедни. 

ДСЗИ во континуитет доставува примероци на детски играчки  и козметички производи за лабораториско испитување  и веднаш по добивање на лабораториска потврда за небезбедност ги објавува небезбедните производи со слика и текст на веб страната на ДСЗИ со цел навремено информирање на граѓаните на Република Северна Македонија и пред се заштита на здравјето на граѓаните. 

Детските игачки и козметичките производи кои се пласираат на пазарот во РСМ не смеат да ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните .