Државниот санитарен и здравствен инспекторат продолжува со донирање на детски играчки во детски градинки
На ден 28.12.2022год. Државниот санитарен и здрвствен инспекторат на иницијатива на Директорката Асс. М-р сци. Д-р. Рената Младеновска, заедно со Раководителот на сектор за надзор над детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба Д-р. Лилјана Коцева и Д-р. Меланија Илиќ Ристовиќ, санитарен и здравствен инспектор, донираше 75 детски играчки во ЈУОДГ Детска градника 8ми Март, Објект Пржино, со поддршка на Министерство за труд и социјална политика предводено од Министерката Јована Тренчевска. Детската радост и насмевка не охрабрува дека сме на вистинскиот пат да придонесеме за социјалниот развиток на децата.
Согласно своите законски надлежности, ДСЗИ врши надзор над безбедноста на детските играчки кои се пуштаат во промет на територија на РСМ. По извршените лабораториски анализи,доколку производот е безбеден,вториот и третиот примерок му припаѓаат на увозникот односно субјектот каде е земен примерокот за анализа. Доколку субјектите се откажат од доставените примерци (втор и трет примерок), ДСЗИ во соработка со Министерство за труд и социјална политика производите ги донира во детски градинки.
Огромна Благодарност за искреното добредојде од страна на Директорката на градинката, Пале Топузоска.
ДСЗИ и понатаму ќе спроведува здравствена безбедност врз детските играчки при увоз и во промет се со цел заштита на здравјето на децата.