Инспекциски надзор во студентскиот дом “Пелагонија“
Во тек на денешниот ден ДСЗИ ПО Кисела Вода е известен од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Скопје за појава на стомачни тегоби кај 6 лица – студенти кои консумирале храна во студентскиот дом „Пелагонија“. Истите се јавиле на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби. ДСЗИ во координиран инспекциски надзор со ЈЗУ ЦЈЗ Скопје, АХВ , согласно Националниот протокол за труење со храна изврши увид во објектот каде е консумирана храната, истиот е затворен записнички и со службена лента со потпис и печат. Земени се мостри од храна, брисеви од работни површини и ќе се издаде решение за забрана за вршење дејност до спроведување на наложените противепидемиски мерки.
Инспекцискиот надзор е завршен и во тек е изготвување на информација за констатираната фактичка состојба.