Објавено на јануари 10, 2023

Контролен инспекциски надзор во студентскиот дом “Пелагонија”

На  ден  28.12.2022 год. ДСЗИ е  известен од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Скопје за појава на стомачни тегоби кај 6 лица – студенти кои консумирале храна во студентскиот дом „Пелагонија“. Истите  претходниот ден  , на 27.12.2022 год.  консумирале  храна  приготвена за ручек (варен грашок,  со свинско и телешко месо и пудинг од ванила) во период од 11,30 до 17,00 часот. По појава на  првите симптоми  вечерта  околу 22,00 часот,  лицата се јавиле на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби. ДСЗИ во координиран инспекциски надзор со ЈЗУ ЦЈЗ Скопје, АХВ , согласно Националниот протокол за труење со храна изврши увид  во објектот каде е консумирана храната, истиот е затворен записнички и со службена лента со потпис и печат. При надзорот се земени  6 мостри од храна и 8 бриса  од работни површини. Со решение е забрането користење на објектот се додека не се изврши генерално механичко чистење, спроведување на  вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизција  на објектот од овластена установа, спроведување на вонредни здравствено-хигиенски прегледи на 12 вработени лица во кујната како и до добивање на негативни резултати од  земените брисеви од работни површини.

Од страна  на ЈЗУ Институт за јавно здравје Скопје и од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје добиени се резултати дека сите 6  земени примероци од храна ги задоволуваат  прописите за микробиолошка безбедност на храната додека од 8 земени бриса кај 3 примерока  испитаните параметри не се согласност со микробиолошките критериуми за хигиената на површини  и предмети кои доаѓаат во контакт со храната. 

По добиените резултати земени се контролни брисеви од работните површини каде има позитивен наод.  На ден 10.01.2023 год извршен е контролен инспекциски надзор по објектот – кујна на ДСД „Пелагонија„ при што е констатирано дека е  постапено по сите точки. Од издаденото решение. Времената забрана  престанува да важи и објектот продолжува со работа.