Објавено на февруари 20, 2023

Државниот санитарен и здравствен инспекторат зема активно учество во пристапните преговори на РСМ со Европската Унија.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат е една од институтциите кои се мапирани за учество на  билатералните состаноци  за хармонизација на националното законодавство со законодавството на Европската Унија.

Во периодот од 06 до 09.02.2023год. во Брисел се одржа билатерален скрининг за Поглавје 1- Слободно движење на стоки претставници  од ДСЗИ присуствуваа на состанокот кој беше одржан во конгресниот центар Albert Borschette  во Брисел каде имаа сопствена презентација во делот – безбедност на детски играчки и транспонирање на директивата 2009/48/ЕC.