Објавено на февруари 24, 2023

Информација за ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески Прилеп во врска со почината пациентка

На ден 16.02.2023 г. до ДСЗИ ПО Прилеп примена  е по електронски пат  информација од ЈЗУ ЦЈЗ Прилеп за направено епидемиолошко истражување по пријави за интрахоспитална инфекција од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп од 14.02.2023 г. на  одделение за ортопедија со трауматологија и на 16.02.2023 год .на  одделение за гинекологија со акушерство.

ДСЗИ постапувајки во рамките на своите надлежности,на ден 17.02 2023 г. изврши  вонреден инспекциски надзор во JЗУ општа болница со проширена дејност Прилеп (одделение за ортопедија со трауматологија и одделение за гинекологија со акушерство) при што е констатирана следната фактичка состојба:

Првата пријава за ИХИ  е доставена на  ден 14.02.2023 година и се однесува за   пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан  причинител – Serratia liquefatiens, во три   хемокултури. Пациентот е примен на одделот на 02.02.2023 година и истиот ден направена е хируршка  интервенција во општа анестезија. Знаци на инфекција се појавиле на 03.02.2023 година. Лекувањето е отпочнато во одделот за интензивна нега во прилепската болница, но заради влошување на состојбата  на пациентот на ден 06.02.2023 г. направена е и проверка на уринокултура бидејки пациентот бил со уринарен катетер и е добиен негативен резултат. Во вечерните часови поради  сомневање за сепса  испратен е  со екипа и возило на ЈЗУ Општа болница Прилеп во  ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби  во Скопје . Истиот ден  од страна на персоналот во одделението при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп заради сомневање за ИХИ извршено е темелно механичко чистење и дезинфекција на оперативниот блок и интензивна нега како и  просторијата каде бил сместен пациентот.Во микробиолошката лабораторија при ЈЗУ ЦЈЗ Прилеп  на ден 07.02.2022 година во хемокултурата изолирана е бактерија Serratia liquefatiens.

По пријавувањето ма интрахоспиталната инфекција на ден 13.02.2023 г. и 14.02.2023 г.одржани се состаноци на Комисијата за ИХИ  при што е одлучено да се земат примероци од жива и нежива средина,стерилен материјал, различни серии на инфузиони раствори,од систем за инфузија и трансфузија,примероци на  воздух од оперативните блокови како и да се извршат вонредни здравствено – хигиенски  прегледи на вработените во сите оперативни оддели,оддел за интензивна нега и гинеколошкото одделение.Овие цели се реализирани во период од 13-16. 02.2023 год. Целокупниот простор на одделението за ортопедија со трауматологија и на гинеколошко –акушерското одделение од санитарно-технички и хигиенски аспект е на задоволително ниво. Редовно се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластенан установа , се спроведува бактериолошки мониторинг од нежива средина , се врши уредна диспозоција на медицински отпад , се врши редовна   хемиска и биолошка контрола на исправноста на централната стерилизација како и на сувите стерилизатори по оддели.

Втората пријава за ИХИ, се однесува на пациентка од гинеколошкото  одделение, кај која на 13.02.2023 година е извршена гинеколошка интервенција- во краткотрајна и.в. анестезија. Текот на интервенцијата поминал уредно и по двочасовен престој на одделението пациентката е пуштена дома. На  ден 14.02.2023, во попладневните часови пациентката   е примена на одделот за интензивна нега заради влошена здравствена состојба, направени се сите потребни лабораториски испитувања од кои е утврдено дека има показатели за инфекција. Бил свикан конзилијарен тим од интернист, инфектолог, гинеколог и хирург. По конзилијарниот преглед одлучено е да се направи рентген и ехо преглед на абдомен рентген на бели дробови и да се земат примероци на крв за хемокултура. На 17.02.2023 година добиени се резултатите од хемокултурите. Во првата хемокултура изолиран е Staphilococcus epidermidis, а останатите две хемокултури се негативни По предлог на инфектолог отпочнато е со двојна антибиотска терапија.  Наодите од рентген и ехо прегледите биле уредни, но општата состојба на пациентката и понатаму била лоша – била олигурична, дезориентирана, хипотонична со немерлив пулс.  Во консултација со ЈЗУ УКИБФС –Скопје во претпладневните часови на ден 15.02.2023 пациентката е транспортирана на Клиниката. Понатаму лекувањето е продолжено на ЈЗУ УК за гинекологија и акушетрство –Скопје и на ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ -КАРИЛ каде пациентката починала на ден 17.02.2023 год.

Телото е предано на Институтот за патологија за патоанатомска обдукција.

На состанок на Комисијата за ИХИ  се разгледани уште два случаи примени на одделот за интензивно лекување  на ден 09.02.2023 год.кај кои според клиничката слика постоело сомневање за ИХИ.

Кај едниот   пациент, маж на возраст од 76 години,  на ден 08.02.2023 година била извршена хируршка интервенција По неколку часа од првата интервенција, поради постоперативна компликација – хематом  на местото на интервенција, кај пациентот повторно била направена интервенција во хируршката операциона сала.  По завршената ревизија донесен е во одделот за интензивна нега. Во вечерните часови добил покачена температура (38ᵒЦ). Направени биле лабораториски испитувања. Клиничката слика и резултатите од лабораториските испитувања  –  укажувале за можна септична состојба,  заради што биле испратени примероци за уринокултура и хемокултура, а во консултација со инфектолог отпочнато е со антибиотска терапија  . Направен  е рентген на бели дробови, со наод на  застојни промени. Од следниот ден состојбата кај пациентот почнала да  се подобрува и продолжено е со истата антибиотска терапија. Уринокултурата и хемокултирите биле негативни.  Пациентот сеуште е во одделот за интензивна нега.

Кај другиот пациент, жена на возраст од 46 години, на 08.02.2023 година извршен е оперативен зафат на гинеколошко –акушерското одделение  и по зафатот донесена е во одделот за интензивна нега.   По неколку часа од зафатот се јавил хематом на местото на оперативна рана. Бил повикан гинеколог, кој ја прегледал  и  на самото место направил дренажа на хематомот.   На 09.02.2023 година при рутинските лабораториски иследувања, иако пациентката била афебрилна,  отстапувањата во анализите  –  побудиле сомневање за  инфекција, заради што е  земена  крв за хемокултура, а во консултација со инфектолог  ординирана е  двојна антибиотска терапија.  Хемокултурите останале стерилни по инкубација од 48 часа. Состојбата на пациентката во наредните денови се подобрила и на 14.02.2023  преместена е во гинеколошкото одделение.

 Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје земени се вкупно 185 материјали  за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент.  

Материјалите се испитувани во ЈЗУ ЦЈЗ –Прилеп  и ЈЗУ Инститит за јавно здравје –Скопје . Резултатите се доставени до ЈЗУ Општа болница со проширена дејност –Прилеп.

По извршениот вонреден инспекциски надзор , од страна на ДСЗИ е издадено решение со кое се задолжува болницата да врши бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик наместо квартално – секој месец , како и да се назначи од страна на директорот овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции,контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции,следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести .