Билатерален скрининг за Поглавје 28 – Заштита на потрошувачи и јавно здравје
На 01.03.2023 и 02.03.2023 година во Брисел се оддржа билатералниот скрининг за Поглавје 28 – Заштита на потрошувачи и јавно здравје. Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат како мапирана институција за учество на билатерални состаноци за хармонизација на националното законодавство со законодавството на Европската Унија, учество земаа Виш инспектор, Меланија Ристовиќ и помлад санитарен и здравствен инспектор Јован Девиќ.
Претставниците од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат имаа презентација на тема: Постапување при измамнички производ – Директива на Советот 87/357/ЕЕЗ од 25 јуни 1987 за усогласување на законите на земјите – членки која се однесува на производи кои како поинакви од оние што треба да ги преставуваат, го загрозуваат здравјето и безбедноста на потрошувачите; Службен Весник на ЕУ бр. L 192, 11.7.1987, стр. 49–50.