Објавено на мај 22, 2023

Работна средба на тема:  Заштита на правата на пациентите, правата и обврските на здравствените установи, здравствените работници и правата и обврските на пациентите

Државниот санитарен и здравствен инспекторат оддржа работна средба на тема:  

Заштита на правата на пациентите, правата и обврските на здравствените установи, здравствените работници и правата и обврските на пациентите, согласно Законот за заштита на правата на пациентите. 

Обраќање имаше Директорот на ДСЗИ асс.-др.Рената Младеновска,  

Дипл. правник Стојанче Стојковски – Државен советник во Министерство за здравство.
д-р Лилјана Коцева – Главен инспектор во ДСЗИ 

Цвете Серафимоски – Директор на сектор за контрола при Фонд за здравствено осигурување на РСМ. 

Согласно Законот за потрошувачи а на предлог на Министерството за економија, Владата на Република Северна Македонија ја донесува годишната програма за заштита на потрошувачите. Со програмата се утврдуваат основните цели на политиката за заштита на потрошувачите, мерките и активностите за промоција и информирање на потрошувачите, советување и  едукација.

Имајќи го во предвид членот 201 став 2, од Законот за заштита на потрошувачите, како повреда на права на потрошувачите, се подразбира и кое било дејствие што е спротивно со правата на пациентите кои произлегуваат од Законот за заштита на правата на пациентите.

Од овие причини во Програмата за 2023 година, една од активностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е организирање на работна средба во насока на заштита на правата на пациентите, правата и обврските на здравствените установи, здравствените работници и правата и обврските на пациентите, согласно Законот за заштита на правата на пациентите и Законот за здравствена заштита.

Целта на оваа работна средба е подобрување на информираноста на пациентите за нивните права и обврски при користењето на здравствените услуги, а истовремено и зголемување на информираноста и на здравствените работници во однос на одредбите од Законот за заштита на правата на пациентите при пружањето на здравствените услуги, како и зајакнување на соработката помеѓу институциите вклучени во заштита на пациентите и невладиниот сектор.