Прв состанок на Националниот Совет за интегрирано гранично управување
На ден 30.06.2023 година, Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Асс. Д-р. Рената Младеновска како член на Советот присуствуваше на Првиот Состанок на Националниот Совет за интегрирано гранично управување, формиран со Одлука на Влада на Република Северна Македонија, на седница одржана на 9 март 2023 г.
Воведно обраќање имаше г. Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Претседавач на Советот.
Беа презентирани превземени активности и предлози со рок на имплементација од страна на Националниот координатор за гранично управување д-р.Владимир Пивоваров.
Обраќање имаа и членовите на Советот по однос на своите надлежности.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) согласно своите надлежности, врши контрола над здравствената безбедност на производите при увоз (козметички производи, детски играчки и предмети за општа употреба) на внатрешните терминали во Република Северна Македонија, како и контрола на патници во меѓународниот сообраќај кои патуваат во земји каде постои опасност од пренесување на заразни болести, а со цел заштита на здравјето на населението.