Објавено на јули 6, 2023

Информација за извртшени вонредни инспекциски надзори во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство и ЈЗУ УКМ за психијатрија, а во врска со родилка породена во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство

                На ден  04.07.2023г до Државниот санитарен и здравствен инспекторат доставена е  писмена наредба од Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити бр.17-6025/1 за вонреден инспекциски надзор во  ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје, а во врска со лекувањето и третманот на родилката Б.М. од Скопје. Истиот ден од страна на ДСЗИ извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје. Вонредниот инспекциски надзор продолжи на 05.07.2023год. во ЈЗУ УК за психијатрија Скопје.

При надзорот во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје извршен е увид во основната медицинска документација за пациентката ( електронски медицински дневник, историја на болест), како и во Интегрираниот информатички систем Мој Термин. Побарани и добиени изјави од здравствени работници и соработници на ЈЗУ УК ГАК Скопје поврзани со лекувањето и третманот на родилката.

При вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за психијатрија во присуство на медицициснкиот директор на установата проф д-р Стојан Бајрактаров е констатирано дека амбулантите во склоп на клиниката функционираат. На влез на видно место е истакнато работното време – од 08,00 до 20.00 часот секој работен ден  како и контакт телефони на кои може да се оствари комуникација во врска со реализирање на конзилијарните прегледи. По изјава на директорот , телефонскиот број  на кој и претходно е остваруван контакт со одговорниот лекар за конзилијарни прегледи проф д-р Кадри Хаџи Хамза е непроменет ,така што и покрај тоа што во моментот клиниката се реновира, во секое време во тек на 24 часа  може да се оствари комуникација со лекарите.  Од увидот во евиденцијата за конзилијарни прегледи е констатирано дека во период откако клиниката работи во  вонредни услови со  претходно утврден распоред,  реализирани се конзилијарни  прегледи на барње на ЈЗУ УК ГАК

Од страна на директорот во прилог е дадена копија од меил комункација со шефот на кабинет на мнистерот за здравство и ПР службата на Минситерството за здравство од 04.05 2023 год во кој е наведено дека по насоки од Проектната единица на Светска банка при Министерството за финансии потребно е да се испрати известување до медиуми дека ќе започне реновирање на клиниката со цел да биде јавноста запознаена.. Во истиот меил е доставен и предлог текст за известување со табеларен приказ  на локациите каде понатаму ќе бидат пружани здравствените услуги од страна на ЈЗУ УК за психијатрија,како и контакт телефони за комуникација.

Заклучок:

Од извршениот надзор на ЈЗУ УК за психијатрија не се констатирани недостатоци по однос на организацијата на работа на функционирање на клиниката во услови на постапка за реновирање.

Од извршениот надзор во ЈЗУ УК ГАК констатиран е пропуст во делот  на реализирање на конзилијарните  прегледи побарани во два наврати за родилката, со оглед на тоа што истите не се реализирани. Во врска со наведеното ДСЗИ, со решение ќе наложи на одговорните лица на ЈЗУ УК ГАК спроведување на постапка за утврдување на  одговорност од страна на здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор, специјалист по психијатрија.