Информација од спроведен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница- “Д-р Трифун Пановски“-Битола -починато новороденче
На ден 18.07. 2023 година. од страна на ДСЗИ ПО Битола, извршен е вонреден инспекциски надзор на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Клиничка болница- “ д-р Трифун Пановски“- Битола а во врска со лекувањето и третманот на родилката С.К и нејзиното починато новороденче.. Согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат по извршениот увид во медицинската документација на пациентката С.К. констатирана е следната фактичка состојба:
Пациентката С.К е прикрепена прв пат кај матичен гинеколог ден 18.05.2023г во 29,2 гестациска недела. Наредна контрола е на ден 28.06.2023г во 35,1 гестациска недела . Станува збор за повеќеротка со дијагноза зголемена количина на плодова вода( Polyhidramnion).
На одделението за гинекологија и акушерство прв пат се јавила на преглед на ден 30.06.2023 и е прегледана е од страна на специјалист по гинекологија и акушерство кај кого е извршен и контролен преглед на ден 12.07.2023 год. со наод дека станува збор за бременост во 37.1, гестациска недела, ,зголемен количина на плодова вода (Polyhidramnion) .CTG – реактивно.
По ,извршениот контролен преглед од 12.07.2023 год. и добиените наоди за состојбата и зрелоста на плодот кај родилката С.К., од страна на специјалистот по гинекологија и акушерство кој ги извршил претходните две контроли , закажана е интервенцијата за породување со царски рез на ден 16.07.2023..
На 16.07.2023г. пациентката е примена на одделението за гинекологија и акушерство во 8.31часот. Потпишана е изјава за согласност за интевенција . Пред интервенцијата Sectio caesarea, направен е CTG запис во два наврати и тоа: во 09.05ч и 09.30часот (реактивно), определен РХ фактор и извршени лабораториски анализи.
Од акушерската историја во рубриката гинеколошка анамнеза забележано е дека пациентката пред три години имала породување во ЈЗУ Клиничка болница- Битола со трета бременост и новороденчето после 12 часа починало заради вродени малформации.
Пациентката С. К е заведена во родилен дневник, каде е евидентирано раѓање во 10.08 часот на ден 16.07.2023г на четврто дете.
Во листата за новородено од страна на неонатологот забележано е дека на 16.07.2023г во 10.08 часот родено е живо женско новороденче без плач, со зрелост 37,5 гестациска недела, со бледа кожа, без тонус, без рефлекси, без дишење, без срцева акција со АПГАР 0/1. Веднаш е пристапено кон реанимација која траела 20 минути, но истата не била прифатена од новороденчето и во 10.28 часот констатирана е смрт.
На 17.07.2023г. креиран е упат до одделени за психијатрија за конзилијарен преглед на пациентката поради вознемиреност, креиран извештај од страна на психијатар и дадена терапија.
Како причината за смрт е наведена. Isufitientio cardiorespiratoria, Креиран е упат за патоанатомска обдукција и телото е предадено на одделот за патологија .
Во декурзусот е забележано дека заклучно со 18.07.2023 пациентката е во добра општа состојба.
Во историјата на болест е и изјава на пациентката С.К за коректниот однос и третманот од страна на вработените на одделението од 17.07.2023г
Од извршениот вонреден инспекциски надзор во медицинската евиденција и документација а согласно надлежностите на ДСЗИ не се констатирани недостатоци .