Објавено на октомври 27, 2023

Известување за дозволи за увоз на хемикалии

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во изминатиот период, во  секојдневното работење се почесто се соочува со проблеми кои се однесуваат на  Барања  од странки/увозници за издавање на дозвола за увоз на проиводи  кои не се во надлежност на ДСЗИ. 

Станува збор за увоз на хемикалии кои се тарифирани со следниве тарифни ознаки:

3402-Органски површински активни средства (освен сапун); површински активни препарати, препарати за перење (вклучувајќи помошни препарати за перење) и препарати за чистење, со додаток или без додаток на сапун, освен оние од тар.број 3401). 

3405-Политури и креми за обувки, мебел, подови, каросерии, стакло или метал, пасти и прашоци за чистење и слични препарати без оглед на тоа дали се во форма на хартија, вата, филц, неткаен текстил, сунѓерести материјали, од пластика или гума, импрегнирани или премачкани со такви препарати), освен восоците од тар. број 3404. 

Со донесување на законот за хемикалии (Сл. Весник на РМ бр.145/10…….37/16 и сл. Весник на РСМ бр.236/22) јасно се дефинирани надлежностите  по однос на производство и промет со хемикалии. Во законот за хемикалии, предмети за општа употреба се „ супстанции и смеси кои се ставаат во промет, без да се знае нивниот краен корисник, а можноста за нивното купување или употреба не е ограничена ниту количински, ниту со некои посебни барања во однос на крајниот корисник„ –станува збор за промет на мало, односно малопродажба. Исто така  останатите хемикалии каде крајниот потрошувач е познат, односно овие средства се користат за специјализирана намена – во болници, во лабаратории, индустрија, дозвола  за увоз, треба да се бара од Сектор хемикалии при Министерство за здравство, пред се Сертификати MSDS- со пиктограми мртовечка глава. 

Во врска со изнесеното, Секторот за хемикалии при Миистерство за здравство со допис бр.19-7629/2 од 16.10.2023год. се произнесе дека во соработка со Царинска Управа ќе ја прошири дозволата за увоз/извоз на хемикали со  погоре наведените тарифни ознаки.

Во јули 2023год. Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде соопштение до сите увозници  дека од 01.09.2023год. нема повеќе да издава дозволи за увоз за погоре  наведените тарифни ознаки  и ги упати сите увозници на овие произвди да се обраќаат во Секторот за хемикалии при Министерство за здравство за  регистрација и дозвола за увоз.