Објавено на ноември 2, 2023

Годишен работен состанок на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Презентација на теми – постапување по претставки и предлози во надлежност на ДСЗИ

📌Преку презентација на специфични предмети со кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат се соочува секојдневно, инспекторите ги споделија своите искуства и уште еднаш ја докажаа нивната стручност, исполнителност, посветеност и одговорност.

📌Имено, на работниот состанок се разговараше за новиот начин на работа е-инспектор, преку целосна дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка која ќе помогне во насока на подобрување на транспарентноста при спроведување на инспекцискиот надзор, како и намалување на шансите за корупција при спроведување на надзорот.

📌Направена е анализа на инспекциските надзори над безбедност на детски играчки козметички производи и предмети за општа употреба при увоз и во промет.

📌Спроведовме и евалуација на резултатите од извршената внатрешна контрола над работата на инспекторите во ДСЗИ.

📌Благодарност до Претседателката на Инспекциски совет Г-ѓа Даниела Рендевска и членот на Инспекцискиот совет Г-дин. Влатко Серафимов за нивната исклучителна подготвеност и поддршка која неизмерно ја даваат на Инспекторатот во делот на подобрување на службата и насоките за работа.