На ден 14.11.2023 година Државниот санитарен и здравствен инспекторат организираше работна средба на тема: Улогата и надлежностите на ДСЗИ во интерес на зголемување на транспарентноста на информациите за заштита на потрошувачите
На предлог на Министерството за економија, Владата на Република Северна Македонија донесува Годишна програма за заштита на потрошувачите, согласно членот 170 од Законот за заштита на потрошувачите. Со програмата се утврдуваат основните цели на политиката за заштита на потрошувачите, мерките и активностите за промоција и информирање на потрошувачите, советување и едукација.
Имајки во предвид дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат преку Секторот за инспекциски надзор над детски, играчки, козметички производи, предмети за општа употреба, врши инспекциски надзор над безбедноста на овие видови на производи, согласно годишната програма Државниот санитарен и здравствен инспекторат организира активности со цел унапредување и развивање на политиките за заштита на потрошувачите.
Во тој контекст, а со цел зајакнување на соработката помеѓу институциите и невладиниот сектор и зголемување на транспарентноста на информациите во однос на здравствената безбедност кои се од интерес за потрошувачите, ДСЗИ ја организира оваа работна средба.
Со презнетации свое учество земаа претставници од:
• Институт за јавно здравје-Скопје
• Министерство за економија
•Државен санитарен и здравствен инспекторат