Информација од спроведени вонредни инспекциски надзори во JЗУ Oпшта болница со проширена дејност Прилеп (одделение за гинекологија и акушерство и одделение за неонатологија), ПЗУ Д-р Моника –ординација по гинекологија и акушерство Прилеп и ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болети Скопје, за починато новороденче од Прилеп
По објавена информација во електронските медиуми за починато новороденче од Прилеп кое било породено во ЈЗУ Oпшта болница со проширена дејност Прилеп, Државниот санитарен и здравствен инспекторат преку ДСЗИ инспектори од ПО Прилеп и ПО Центар, постапувајки во рамките на своите надлежности, на ден 13, 14 и 15.11.2023год. изврши вонредни инспекциски надзори во JЗУ Oпшта болница со проширена дејност Прилеп (Одделение за гинекологија и акушерство и одделение за неонатологија), ПЗУ Д-р Моника –ординација по гинекологија и акушерство Прилеп каде родилката имала избран матичен гинеколог и ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болети Скопје.
При вонредниот инспекциски надзор во JЗУ Oпшта болница со проширена дејност Прилеп (Одделение за гинекологија и акушерство и одделение за неонатологија) извршен е увид во целокупната медицинска документација за родилката и новороденчето, во присуство на здравствените работници кои учествувале во породувањето и понатамошното лекување на новороденчето.
Родилката била донесена на одделение за гиекологија и акушерство на 27.10.2023 год.во 6:00 часот со прснат воденик два часа претходно.По извршените неопходни прегледи и подготовка родилката била породена спонтано, бидејки немало индикации за царски рез. Во 09:15 часот жив машки плод во 38 гестациска недела со тежина 2720 гр.(апгар 8/8/10 .Родилката е сместена во болничка соба на одделение за гинекологија и акушерство заедно со бебето. Во текот на престојот на оделение, биле извршени биохемиски анализи на крв на родилката во два наврати. Резултатите биле со уреден наод. На 28.10.2023 г.на утринска визита била извршена лабораториска анализа на крв и кај новороденчето. Резултатите биле со уреден наод. Во текот на престојот на акушрското одделение, новороденчето било со мајката заради воспоставување на процес на доење. Од страна на мајката немало забелешки по однос на здравјето на бебето. На 29.10.2023 г. на утринска визита констатирано е жолтило на кожата на новороденчето (други симптоми во меѓувреме немало) и бебето било поставено на 12 часовна фототерапија. Извршена лабораториска анализа на параметри за жолтица (вкупен и индиректен билирубин). Новороденчето било во добра општа состојба, со уреден белодробен наод, добар тонус и се хранело без повраќање .Од овие причини немало сомневање за рана неонатална инфекција.По фототерапијата било вратено кај мајката .Во првите денови од породувањето,во ноќните часови новороденчињата се земале на неонатолошко одделение за дохрана. и затоа новороденчето во вечерните часови на 29.10.2023г. било однесено на одделение за неонатологија.По изјава на сестра на неонатологија која била дежурна на 29-30.10, во 24:00 часот бебето било нахрането и било со добри витални параметри. Во 03:00 часот бебето одбило да прими храна ,други симптоми немало. Во 05:00 часот кога повторно одбило да прими храна била повикана дежурна докторка- специјалист педијатар која констатирала дека бебето е млитаво и со површно дишење.Проверена е гликемија,поради ниски вредности (2.1) дадена гликоза, кислородна подршка и поради лоша клиничка слика и сомнеж за перинатална инфекција била дадена двојна антибиотска терапија, дексазон, инфузија со гликоза и ставено во инкубатор. Извршена лабораториска анализа на крв,ацидобазен статус,ЦРП. По консултација со доктор од Клиника за детски болести во Скопје новороденчето со мајката во 07:00 часот наутро со возило и екипа на Итна медицинска помош било трансферирано во ЈЗУ Клиника за детски болести во Скопје за понатамошно лекување. При надзорот ивршен е увид и во документацијата која се однесува на превземени превентивни мерки за спречување на појава на интрахоспитална инфекција ( биолошка контрола на стерилизација, редовен бактериолошки мониторинг, превентивна ДДД, здравствено хигиенски прегледи на вработениот персонал, редовни состаноци на Комисијата за заштита од ИХИ). Не се констатирани забелешки.
Заради целосно утврдување на фактичката состојба извршен е вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Д-р Моника –ординација по гинекологија и акушерство Прилеп каде родилката имала избран матичен гинеколог кој ја водел бременоста. При надзорот се констатира дека бременоста е уредно водена.
Од увидот во медицинската документација (резултати од извршени дијагностичи иследувања и извршени терапевтски процедури) во ЈЗУ универзитетска клиника за детски болести Скопје, констатрирна е следната фактичка состојба:
На 30.10.2023г. во 09,31ч.детето било донесено на Одел за интензивна нега и терапија на ЈЗУ УК Детски болести Скопје со болничко возило од ЈЗУ ОБ со проширена дејност Прилеп како итен случај. Хоспитализирано во ОИНТ со Dg: Z 03 Медицинска опсервација и евалуација за претпоставена болест. При прием детето било во исклучително тешка општа состојба, хипотонично без реакција на длабока дразба, со ирегуларно дишење проследено со апнеи и акрилна цијаноза, па поставено на Б-ЦПАП. При прием со лабораторидска потврда за пораст на инфламаторни маркери веднаш била вклучена антибиотска терапија.земена е стартна хемокултура и материјал од трахеален аспират – добиен резултат од ЈЗУ ИЈЗ на РСМ со наод за присуство на Escherichia colli во трахеален аспират, а хемокултура негативна.По добиениот позитивен наод од трахеален аспират антибиотската терапија е давана соодветно на антибиограмот. Повторно била земена хемокултура на 01.11.2023 г. и на 02.11.2023 г. со негативни наоди . Во вечерните часови (22,00ч.) на 30.10.2023г. поради влошување на состојбата било поставено на механичка вентилација.Третиот ден од престој се јавила олигоанурија. На 05.11.2023г.во 14,40ч. настанал Сardiac arrest па детето е реанимирано; во 20,15 ч. повторно настапува Cardiac arrest но без одговор и настанала смрт во 20,35ч.
При вонредните инспекциски надзори не се констатирани недостатоци кои се во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Со оглед на фактот дека ДСЗИ нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, доставена е информација до Министерот за здравство со иницијатива за вршење на стручен надзор согласно член 296 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Р.М. бр. 43/12, 236/23), „Надзор над стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници ја вршат Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора. Министерот за здравство по потреба може да формира комисија за вршење на надзор на стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници.„