Објавено на декември 15, 2023

ПРОЦЕНА НА ДОБРОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА ИЗВРШНАТА ВЛАСТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ВО РЕГИОНОТ ПРЕКУ ИНДЕКСОТ НА ОТВОРЕНОСТ

Публикацијата е подготвена од Фондацијата Метаморфозис во рамките на проект финансиран од Национална Фондација за демократија  (NED) и Фондација Отворено општество Македонија.

Истражувањето е спроведено во периодот од март до јуни 2023 година. Примерокот на аргетирани институции се состои од вкупно 36 институции, вклучувајќи ги Владата/Генералниот секретаријат, 16 министерства и 19 случајно избрани извршни органи во состав на министерствата. Методите на истражување се состојат од:

1) следење на интернет-страниците на таргетираните институции според низа индикатори,

 2) прашалник доставен до институциите за да се потврдат наодите добиени од онлајн мониторингот,

3) пратено барање за пристап до информации од јавен карактер до секоја институција со намера да се процени степенот на исполнување на ова основно право од секоја од институциите, како и 

4) проверка на законодавната рамка.

Од поединечното мерење на вкупно 36 институции во поглед на исполнувањето на индикаторите со кои се мери достапноста до отворени податоци, во топ три институции во Северна Македонија е Државен санитарен и здравствен инспекторат со 50,16 %.

Ранг-листа на институции со степен на исполнување на индикаторите за отворени податоци, на второ место Државен санитарен и здравствен инспекторат над просекот на извршни органи.

Прочитај повеќе