Воспоставување на нов национален едношалтерски систем
На ден 7 февруари 2024 година (среда) во хотелот Double Tree Hilton (Скопје) се оддржа настан посветен на подигање на свеста за значењето од воспоставувањето на Националниот едношалтерски систем во организација на Царинската управа како координатор и носител на активностите поврзани со воспоставувањето на Националниот едношалтерски ситем (НЕС)
Целта на овој настан беше да се запознаат сите присутни со новиот Национален едношалтерски систем, неговите цели, функционалности и придобивките што истиот ќе ги донесе како за приватниот сектор, така и за државните институции во поглед на поедноставување на начинот на работа и забрзување на прекуграничната трговија.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат е една од 16 те државни институции кои од самиот почеток работат на овој Проект поддржан од Светска Банка, давајќи свој допринос во рамките на својата надлежност преку номинираните претставници во работните групи.
На настанот присуствува Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекорат Асс. М-р. сци. Д-р Рената Младеновска, Виш инспектор Д-р Меланија Ристовиќ – член на работната група за Легислатива (Закон за Национален едношалтерски систем – НЕС) и инспектор Д-р Кристијан Миов – член на работната група за деловни и бизнис процеси при НЕС.