Отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки при Универзитетската клиника за хематологија
На покана на Директорката на Универзитетската клиника за хематологија проф. д-р Ирина Пановска – Ставридис, заедно со министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик минстерката д-р. Маја Манолева присуствувавме на свечената академија по повод отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки при Универзитетската клиника за хематологија, којшто пред 3 недели беше пуштен во употреба.
Овој центар е од огромно значење за јавното здравство, како една од најголемите и најважни инвестиции во здравствениот систем каде што пациентите со малигни хематолошки заболувања ќе добијат подобри услови за лекување.
Голема благодарност до Амбасадата на САД за обезбедувањето финансиски средства за реализација на оваа важна инвестиција.