Објавено на февруари 23, 2024

Работна средба на Директорката на ДСЗИ со Заменик минстерката на Министерство за здравство

Директорката на ДСЗИ се сретна со заменик минстерката на Министерство за здравство Маја Манолева. Работната средба беше исклучително продуктивна каде меѓусебно ги споделија идеите и можностите за подобрување на здравствената заштита.

Овие средби, преку заедничка соработка, ќе доведат до изнаоѓање на нови решенија за значително подобрување на здравствените услови и услуги коишто ќе имаат и позитивно влијание за граѓаните во нашата држава.