Брифинг за новинари, во просториите на Инспекциски совет, на покана на Претседателката Даниела Рендевска
На брифинг за новинари, кој се одржа во просториите на Инспекциски совет, на покана на Претседателката Даниела Рендевска, присуствуваше директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р. Рената Младеновска.
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, истакна дека една од примарните цели на дигитализацијата на овие процеси е јакнење на антикорупциските механизми, а инспекторите се лицето на институцијата, затоа што тие се во секојдневен контакт со граѓаните, и во таа насока, зголемувањето на контролата и поголемата ефикасност и ефективност во работењето, скратувањето на времето за вршење инспекциски надзор и поголемата транспарентност е важно за јакнење на интегритетот на службениците, за индивидуализирање на одговорноста, но и за подобрување на генералната перцепција за корупцијата на сите нивоа.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска изрази задоволство што пилот- проектот за модернизација на инспекциските служби, кој започна во 2021 со поддршка на УСАИД продолжи во насока на развој на овој систем и на останатите инспекторати. Со поддршка на Европската банка за обнова и развој, од крајот на март 2024, сите инспекторати кои се под ингеренции на Инспекцискиот совет ќе бидат дел од Е-инспектор.
Директорката д-р Рената Младеновска сподели информации за придобивките од дигитализацијата на инспекциските надзори и искуствата на инспекторите во секојдневната работа преку овој информациски систем, кој овозможува намалување на бројот на инспекциски надзори и контроли, фер пристап кон субјектите кои ги почитуваат законите, електронско прибавување на сите потребни податоци, скратување на времето на инспекцискиот надзор, како и заеднички и координирани надзори од повеќе инспекциски служби во исто време.
На брифингот беа истакнати и споделени искуствата и од директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска.