Објавено на април 11, 2024

АКЦИJA – ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОРИ НАД БЕЗБЕДНОСТ НА   КОЗМЕТИЧКИ ПРОИЗВОДИ  ВО ПРОМЕТ – ФЕВРУАРИ 2024 година

Во текот на февруари  2024 година Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја реализираше првата  акција за  2024 година  – инспекциски надзори кај субјекти на надзор  кои вршат промет со козметички производи,  со земање на примероци  за лабораториско тестирање доставени до ЈЗУ Институт за Јавно здравје во  Скопје.

Инспекциските надзори се спроведени   од 19 до 23  февруари  2024 година  Во акцијата се извршени вкупно 15  инспекциски надзори кај субјекти кои вршат промет со козметички производи, спроведена на територија на Република Северна Македонија.

 При инспекциски надзори, кај 4 субјекти констатирани се недостатоци, врз основа на кои  донесени се 4  решенија  со наложени мерки за постапување. (процентуално, утврдени се недостатоци во 26,6 % од надзорите ).

  • Ставени се вон промет небезбедните козметички производи (времено  повлекување од пазарот), до обезбедување на соодветни означувања и предупредувања.
  • Не се најдени козметички производи со поминат рок на траење.

Согласно Правилникот за критериуми за микробиолошка и хемиска чистота на козметичките производи и методите за проверка на тие критериуми ,,Сл . Весник бр. 94/2010 и прописите за здравствена исправност, испитувани се следните параметри:

  • Микробиолошка исправност на производите
  • Присуство на тешки метали
  • Содржина на конзерванси

 Сите  15 испитани примероци се безбедни со забелешка на еден производ за несоодветност  на декларацијата  и составот на производот.