Објавено на мај 25, 2024

Симулациска вежба за ригорозно тестирање на акциониот план за можната појава на хеморагична треска во Северна Македонија

Кримско-Конго и Хантавирусна хеморагична треска со бубрежен синдром од страна на (WHO) СЗО како претставници од ДСЗИ присутни беа Др. Изеир Иљази и др. Викторија Стојаноска. 

Главните цели на оваа уникатна вежба беа да се оцени ефективноста на планот и да се идентификуваат и надминат потенцијалните недостатоци, слабости и предизвици. 

Дополнително, симулацијата имаше за цел да го активира Центарот за итни случаи во јавното здравје (PHEOC) според неговата стандардна оперативна процедура за да обезбеди брзо и ефикасно управување во итни случаи.

На симулациската вежба присуствувале вкупно 25 национални експерти од различни сектори, вклучително јавно здравство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, епидемиологија, ветеринарство, лабораторија и  центар за управување со итни случаи. Вежбата овозможи драгоцени сознанија, особено во унапредувањето на соработката меѓу секторите и подобрувањето на комуникацијата. 

Очекуваме оваа симулација значително да ја подобри подготвеноста за идни епидемии, нагласувајќи ја важноста на колаборативните и проактивни пристапи во итните јавноздравствени случаи.