Државниот санитарен и здравствен инспекторат додели Благодарница на Директорот на Институт за јавно здравје Проф. д-р. Шабан Мемети
На ден 05.06.2024 Државниот санитарен и здравствен инспекторат додели Благодарница на Директорот на Институт за јавно здравје Проф. д-р. Шабан Мемети за исклучителен придонес во подобрување на условите за работа и деловна соработка помеѓу институциите.
Директорката на ДСЗИ ас. д-р. Рената Младеновска изразува благодарност за несебична и неизмерна поддршка од страна на проф. Мемети се со цел подобрување на условите за работа на инспекторатот.
Од особено значење е зајакнување и градење на здравствените капацитети се со цел подобрување на здравствениот систем.
Здравствениот систем во континуитет треба да се гради и обновува се со цел достигнување на подобри резултати во однос на целокупното функционирање на институциите.
ДСЗИ му посакува успех и понатаму во кариерата на Директорот на ИЈЗ проф. Мемети.