Работна средба со заменик министерот за здравство Јовица Андовски
Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, др.Кирил Лазов, денеска во просториите на Министерството за здравство, оствари работна средба со заменик министерот за здравство Јовица Андовски.
Во пријатна и конструктивна работна атмосфера, на состанокот беа разгледани предизвиците и приоритетите на кои посебно ќе се посвети внимание во иднина, во насока на подобрување на квалитетот на услугите.
Од двете страни се покажа интерес и волја за подобрување на условите за работа и стандардот на вработените.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат сите расположливи ресурси ќе ги насочи во интерес на граѓаните, со цел остварување на владините приоритети.