Новости
Информација од спроведен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница- “Д-р Трифун Пановски“-Битола -починато новороденче
На ден 18.07. 2023 година. од страна на ДСЗИ ПО Битола, извршен е вонреден инспекциски надзор на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Клиничка болница- “ д-р Трифун Пановски“- Битола а во врска со лекувањето и третманот на родилката С.К и нејзиното починато новороденче.. Согласно надлежностите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат по извршениот […]
Информација за извртшени вонредни инспекциски надзори во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство и ЈЗУ УКМ за психијатрија, а во врска со родилка породена во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство
На ден 04.07.2023г до Државниот санитарен и здравствен инспекторат доставена е писмена наредба од Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити бр.17-6025/1 за вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје, а во врска со лекувањето и третманот на родилката Б.М. од Скопје. Истиот ден од страна на ДСЗИ извршен е вонреден […]
Прв состанок на Националниот Совет за интегрирано гранично управување
На ден 30.06.2023 година, Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Асс. Д-р. Рената Младеновска како член на Советот присуствуваше на Првиот Состанок на Националниот Совет за интегрирано гранично управување, формиран со Одлука на Влада на Република Северна Македонија, на седница одржана на 9 март 2023 г. Воведно обраќање имаше г. Оливер Спасовски, Министер за внатрешни […]
Информација за извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје
На ден 07.06.2023 од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е единечен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје а во врска со добиена информација преку медиумите за појава на физичко насилство меѓу пациентите. Констатирано е дека на судското одделение на ден 20.05.2023 во ноќните часови се случилa тепачка меѓу четворица […]
Работна средба на тема: Заштита на правата на пациентите, правата и обврските на здравствените установи, здравствените работници и правата и обврските на пациентите
Државниот санитарен и здравствен инспекторат оддржа работна средба на тема: Заштита на правата на пациентите, правата и обврските на здравствените установи, здравствените работници и правата и обврските на пациентите, согласно Законот за заштита на правата на пациентите. Обраќање имаше Директорот на ДСЗИ асс.-др.Рената Младеновска, Дипл. правник Стојанче Стојковски – Државен советник во Министерство за здравство.д-р Лилјана Коцева – Главен инспектор во […]
Информација за спроведен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ „д-р Трифун Пановски „ –Битола во врска со лекување и третман на родилка В.К
Државниот санитарен и здравствен инспектортат на ден 11.04.2023г., изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ „д-р Трифун Пановски „ – Битола во врска со лекувањето и третманот на родилката В.К после кое дошло до смрт кај нејзиното новороднче. Од увидот во медицинската евиденција и документација која се води во пишана и во електронска форма, […]
Информација за спроведен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ д-р „Трифун Пановски „ –Битола во врска со починат пациент Јана Христовска
Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 24.03.2023г изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија во врска со лекувањето и третманот на починатиот пациент Јана Христовска од с. Кравари-Битола, и согласно надлежностите изврши увид во медицинската евиденција и документација која се води на одделението во рачна […]
Билатерален скрининг за Поглавје 28 – Заштита на потрошувачи и јавно здравје
На 01.03.2023 и 02.03.2023 година во Брисел се оддржа билатералниот скрининг за Поглавје 28 – Заштита на потрошувачи и јавно здравје. Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат како мапирана институција за учество на билатерални состаноци за хармонизација на националното законодавство со законодавството на Европската Унија, учество земаа Виш инспектор, Меланија Ристовиќ и помлад […]
Информација за ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески Прилеп во врска со почината пациентка
На ден 16.02.2023 г. до ДСЗИ ПО Прилеп примена е по електронски пат информација од ЈЗУ ЦЈЗ Прилеп за направено епидемиолошко истражување по пријави за интрахоспитална инфекција од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп од 14.02.2023 г. на одделение за ортопедија со трауматологија и на 16.02.2023 год .на одделение за гинекологија со акушерство. ДСЗИ […]
Државниот санитарен и здравствен инспекторат зема активно учество во пристапните преговори на РСМ со Европската Унија.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат е една од институтциите кои се мапирани за учество на билатералните состаноци за хармонизација на националното законодавство со законодавството на Европската Унија. Во периодот од 06 до 09.02.2023год. во Брисел се одржа билатерален скрининг за Поглавје 1- Слободно движење на стоки претставници од ДСЗИ присуствуваа на состанокот кој беше одржан во конгресниот центар Albert […]