Листа на информации од јавен карактер
Член 10
(1) Имателот на информации е должен да ја информира јавноста преку својата интернет страница со објавување на:
– податоците од неговите надлежности кои ги извршува, односно му се утврдени со закон,
– основните податоци за контакт со имателот на информацијата и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-маил адреса и адресата на интернет страницата,
– податоците за функционерот или одговорното лице кај имателот на информацијата (биографија, податоци за контакт и друго),
– основните податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации и тоа: име и презиме, е-маил адреса и телефонски број,
– основните податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување и тоа: име и презиме, е-маил адреса и телефонски број,
– список на лица вработени кај имателот на информацијата со позиција, службен е-маил и службен телефон,
– законите кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации, поврзани со регистарот на прописи објавени во службеното гласило,
– прописите што во рамките на својата надлежност ги донесува имателот на информацијата во вид на подзаконски акт: правилници (правилник за внатрешна организација, правилник за систематизација на работните места, правилник за заштитено внатрешно пријавување и друго), уредби, наредби, упатства, планови, програми, решенија и други видови акти за извршување на законите и други прописи, кога за тоа се овластени со закон,
– органограм за внатрешна организација,
– стратешки планови и стратегии за работа на имателите на информации,
– годишни планови и програми за работа,
– годишен Буџет и завршна сметка,
– годишни финансиски планови по квартали и програми за реализација на буџетот,
– ревизорски извештај,
– видови услуги кои ги даваат имателите на информации (информации за физичката достапност за остварување на услугите и информации за е-услугите, податоците за законските основи, називот на услугите, документите и податоците потребни за остварување на секоја од услугите, механизмите за правна заштита и други релевантни податоци),
– тарифници за надоместоци за издавање на реални акти,
– начинот на поднесување на барање за пристап до информации (начин на поднесување усно и писмено барање за пристап до информации, како и барање поднесено по електронски пат),
– целокупната документација за јавните набавки, за концесиите и за договорите за јавно-приватно партнерство,
– предлог на програми, програми, ставови, мислења, студии и други слични документи кои се однесуваат на актите од надлежноста на имателот на информации соопштенија до јавноста за работи преземени од нивната интернет страница во согласност со законските надлежности, информативни билтени, службени гласила ако се обврска согласно со закон и друго,
– извештаи за работа кои ги поднесуваат до органите надлежни за спроведување контрола и надзор,
– статистички податоци за работата, како и други информации, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните и кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации и
– други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информацијата.
Правила за постапување со подароци, погодности и гостопримства во ДСЗИ
Образец за барање за пристап до информации од јавен карактер
Потврда за прием на барање за пристап до информации од јавен карактер
Образец за Годишен извештај за пристапот до информации од јавен карактер
Интерна процедура – Информации од јавен карактер
Годишен извештај за 2023 година
Образец за Годишен извештај за пристап до информации од јавен карактер – AL
Образец за барање за пристап до информации од јавен карактер – AL