Објавено на Dhjetor 29, 2017

Помлад соработник за обработка на податоци, Одделение за анализа на ризик, Сектор за надзор на детски играчки, козметички производи и производи за општа употреба

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА

      Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16 и 142/16) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 90/15), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14 и 27/16) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 45/2017

 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат 

1. УПР0101В04000 Помлад соработник за обработка на податоци, Одделение за анализа на ризик, Сектор за надзор на детски играчки, козметички производи и производи за општа употреба(1) 

Општи услови
  • –   да е државјанин на Република Македонија,
  • –   активно да го користи македонскиот јазик,
  • –   да е полнолетен,
  • –   да има општа здравствена способност за работното место
  • –   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
  • – ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Информатика, медицински науки и здравство, правни науки
  • – со или без работно искуство

   Општи работни компетенции

  • – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • – учење и развој
  • – комуникација
  • – остварување резултати
  • – работење со други/тимска работа
  • – стратешка свест
  • – ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • – финансиско управување

   Посебни работни компетенции

  • – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АLТЕ на европски тестатори на А2 (А2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ, или Гете сертификат. Познавањето на англиски јазик може да се докаже и со приложување на меѓународно признатиот сертификат по НАТО стандардот STANAG 6001 на соодветното ниво, при што административните службеници од категорија В треба да поседуваат сертификат со STANAG 1+1+1+1+
Распоред на работно време
  • –   Работни денови понеделник – петок
  • –   Работни часови неделно 40
  • –   Работно време од 08:30 до 16:30
  • –   Опис за работното време
Паричен нето износ на плата20.979,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2017 год. се : Македонец(ка) 1.


Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 денови, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Фаза 4 – Тест на личност се спроведува во рок од 15 дена од завршување на фаза 3.

Publikuar në:: E paketegorizuar