Објавено на Korrik 24, 2019

Сooпштение за организирани патувања на аџилак за 2019год.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со претстојните патувања на граѓани на РСМ од исламска вероисповед, на аџилак во Саудиска Арабија, ја информира јавноста за условите и начинот под кои може да се организираат овие патувања, согласно Законот за заштита на населението од заразните болести, неговите поздраконските акти и согласно меѓународните здравствени правила.

1. Лицата кои патуваат на аџилак (масовни собири), во земји ризични на одредени заразни заболувања, можат да патуваат само организирано во групи не помали од 40 лица.

2. Организаторот на патувањето должен е:

– во придружба на секоја група, да обезбеди најмалку по еден лекар (да достави лиценца за лекарот до ДСЗИ) со соодветна медицинска опрема и лекови,

– десет дена пред почетокот на патувањето да достави список на патници до ДСЗИ со податоци за година на раѓање, место и адреса на живеење, број на патна исправа, број на лична карта и

– да достави Извештај за патувањето до ДСЗИ при МЗ со податоци за организаторот, денот на поаѓање и враќање, како и назначени гранични премини и земји низ кои ќе патуваат до Саудиска Арабија.

3. Лицата кои патуваат на аџилак должни се да имаат обезбедено Меѓународно вакцинално уверение (жолта книшка) со доказ за извршена имунизација против менингоков менингит, во надлежен Центар за јавно здравје ( по место на живеење) 10 дена пред заминувањето.

4. Лицата при нивното враќање од аџилак, на самиот граничен премин, влез во РМ од страна на ДСЗИ со решение ќе бидат задолжени да се јават на здравствен надзор во надлежен Центар за јавно здравје.

Наведените мерки треба да ги испочитуваат организаторите на патувањата и самите патници, а за непочитување на било која од нив, од страна на ДСЗИ ќе бидат поведени соодветни инспекциски постапки.

Во Република Северна Македонија единствени точки за влез и излез се Меѓународниот аеродром Скопје за патувања на масовни собири по воздушен пат и граничен премин Деве Баир, за патувања по сувоземен пат.

На ден 19.07.2019 год. од страна на ДСЗИ организиран е состанок на кој присуствуваа претставници на Исламската верска заедница, МВР, МНР Центри за јавно здравје, ИЈЗ, МАЛМЕД, МЗ и ТАФ Мегународен Аеродром Скопје, на кој претставниците на ИВЗ информираа дека со донација од Република Турција обезбедена е вакцина против менингококен менингит и истата по обезбедување на бараната докуменатција од страна на МАЛМЕД, преку ЈЗУ ЦЈЗ Скопје, ќе биде дистрибуирана до останатите центри за јавно здравје.

Согласно добиените податоци од ИВЗ, годинава од РСМ за Саудиска Арабија на аџилак ќе патуваат околу 850 лица по воздушен пат преку Мегународниот аеродром Скопје и тоа на ден 30.07 и 31.07.2019год.
Пред заминувањето на аџилак од страна на инспекторите на ДСЗИ на секој патник ќе му биде проверено МВУ (жолта книшка) заради проверка на вакцинацијата против менингококен менингит, како и проверка на документацијата на организаторите за обезбедена придружба на групите од доктор.

Доколку за патувања по сувоземен пат ДСЗИ не биде информиран во законски предвидениот рок, нема обврска за обезбедување на дежурна екипа на граничен премин Деве Баир.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja