Објавено на Mars 17, 2020

Барање за дозвола за професионалните возачи на товарни возила за влез на територијата на Република Северна Македонија

Барањето за дозвола за професионалните возачи на товарни возила за влез на територијата на Република Северна Македонија треба да ги содржи следниве податоци:

– Основни податоци за компанијата барател (назив, адреса, телефон за контакт);
– Точниот број на дозволи кои ги побарува;
– Лични податоци на возачите за секоја дозвола посебно;
– За секоја барана дозвола да се наведат државите низ кои ќе се врши превозот на стока;
– Да се наведе за колку дена се планира да биде извршен превозот на стока.

Поради сериозноста на настанатата состојба, Ве молиме да имате разбирање дека дозволите нема да се издаваат директно во просториите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, туку со посредство на:

– Асоцијацијата на превозници „Макам Транс“ – Скопје.
e-mail: Info@makamtrans.org.mk тел. за контакт 078/392-020, 070/695-216, 077/817-463, 078/399-019
– СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ, ул 506 бр.22 Момин Поток, Скопје.

Лице за контакт Оливера Миовска, e-mail: olivera@amerit.org.mk тел. 071/390-099
Останатите асоцијации на професионални возачи кои би сакале да се вклучат во процесот на посредување за добивање на дозволите, да стапат во контакт задолжените лица во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

За сите дополнителни информации, лицa за контакт во ДСЗИ:
– Раметула Сефа, тел. 076/445-996, e-mail: rametula.sefa@zdravstvo.gov.mk
– Чедомир Стефаноски тел. 078/328-900, e-mail: cedomir.stefanoski@zdravstvo.gov.mk

Во прилог препораките за превозниците:

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja