Известување за јавностa за постапување на ДСЗИ за COVID-19
Во врска со актуелната состојба со пандемијата so COVID-19 и активностите кои ги спроведува Државниот санитарен и здравствен испекторат, согласно своите надлежности и заклучоците донесени од страна на Владата на РСМ, Ве известуваме следното:
1. Државниот санитарен и здравствен инспекторат издава решенија за здравствен надзор /самоизолација, за лица кои биле во контакт со заболено/инфицирано лице со COVID-19. Рокот на самоизолацијата истекува со датумот означен на решението како последен ден на самоизолација и со тоа престанува потребата од надзорот од страна на претставниците на МВР.
2. Државниот санитарен и здравствен инспекторат издава решенија за здравствен надзор /самоизолација, и за лица кои се позитивни на COVID-19. За овие лица рокот за самоизолацијата истекува по добивање на два последователни негативни тестови на корона вирус ( во рок од 24 – 48 часа). По исполнување на овој критериум престанува потребата од надзорот од страна на претставниците на МВР.
3. За лицата кои се ставаат во самоизолација во времетрање од 14 дена бидејки пристигнуваат од високо и средно ризични земји, согласно заклучоците на Влада на РСМ, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не издава решенија. Овие лица, како доказ за своето отсуство од работа ја приложуваат патната исправа(пасош) или изјава.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по истекот на периодот за самоизолација НЕ ИЗДАВА потврди за завршување на самоизолацијата. Доказ е истекот на рокот од решенијата кои се доставени до МВР, или патната исправа или изјава.