Објавено на Korrik 3, 2020

Informim

Во врска со барањето на Главниот координативен кризен штаб доставено до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за престанок на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен PCR тест на COVID 19, се информира јавноста дека од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на ден 25.06.2020год. согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Сл.весник на РСМ бр. 124/15 и 65/18) донесена е Одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13.06.2020 до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РСМ со негативен PCR тест на Covid-19 и потпишана изјава како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен PCR тест на Covid-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок /среден ризик за Covid-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат.
Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во Слободен печат во текот на два последователни дена почнувајќи од 26.06.2020 год., а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja