Објавено на Nëntor 25, 2022

ДСЗИ зема активно учество на работната средба организирана од страна на Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ)

На ден 23.11.2022 година, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) оддржа работна средба за презентација на Законот за општа безбедност на производи  и Предлог Законот за технички прописи на производи и оцена на сообразност,  која претставува дел  од  Програмата за заштита на потрошувачите на РСМ. 

На средбата присуствуваа преставници од ОПМ, Министерство за економија, ДСЗИ, ДПИ, Институт за стандардизација, АХВ, АЕК, Биро за равој на образование, Бизнис заедница, Стопански комори, Државен инспекторат за животна средина, Град Скопје, ANEC.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат преставуван од Д-р. Меланија Ристовиќ-Советник инспектор во Одделение за инспекциски надзор над детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба при увоз, производство и внатрешен промет, воедно и член на Советот за заштита на потрошувачи при Влада, зема активно учество на оваа средба.

ДСЗИ преку својот претставник имаше две презентации на тема: “Безбедност на детски играчки и “Безбедност на козметички производи”. Двете теми беа претставени преку презентација на Законот за безбедност на козметички производи (Сл. весник на РМ бр.55/07…150/15 и сл. весник на РСМ бр.236/22 и Правилникот за безбедност на детски играчки (Сл. Весник на РМ бр.140.10 и 17/12), кој произлегува од Законот за безбедност на производите.  Во Европската унија  од 01.03.2022 год. на сила е актот Омнибус IV со кој се забрануваат 23 супстанции во состав на козметичките производи и предметите за општа употреба и Омнибус V со кој од 17 декември 2022 година се забрануваат нови 14 супстанци во козметичките производи. Во РСМ во тек е ревидирање ( up date)  на Листата на супстанци кои не смеат да бидат користени во козметички производи.

 Втората презентација беше за Правилникот за безбедност на детски играчки, односно начинот на кој  ДСЗИ постапува  при надзорот над здравствената исправност и безбедноста на детските играчки, во кои ситуации се  зема примерок за лабораториски анализа, кои сертификати се потребни при увоз, која Директива е на сила, за ЕН-71-стандардите за квалитет, како и за ознаката за сообразност-“CE”. Дополнително беше дадено објаснување на што треба да се обрне внимание при купување на игрчки, како и податоците кои е потребно да бидат нагласени при декларирањето на детските играчки согласно законската регулатива. Здравствената исправност на детските играчки е приоритет, поради фактот што децата се најранливата категорија на потрошувачи. Поради тоа ДСЗИ и понатаму ќе продолжи да врши надзор над увоз, производство и промет на детски играчки. Во делот на безбедноста на детските играчки  во ЕУ – на работната средба имаше online вклучување на Tania Vandenberghe – ANEC (The European consumer voice of standardization).

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и понатаму ќе зема активно учество во апроксимацијата на постоечката законска регулатива со европското законодавство, во делот на безбедност на детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja