Објавено на Janar 13, 2023

Донација во Дневен Центар за деца на улица

На ден 11.01.2023 година, Државниот санитарен и здрвствен инспекторат на иницијатива на  Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Асс. М-р сци. Д-р. Рената Младеновска, донираше 67 козметички производи и предмети за општа употреба на Здружението на граѓани Заштита на правата на детето Скопје- Дневен Центар за деца на улица кој обезбедува  социјална услуга и привремен престој на деца во ризик (деца на улица), лоциран во Шуто Оризари. На примопредавањето присуствуваа Д-р.Меланија Ристовиќ-Советник инспектор во Граничното Одделение (Терминал Фершпед) за надзор над детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба и Ирена Велкоска – Генерален секретар на Здружението.  

Голема благодарост за топлото добредојде од страна на Генералниот секретар-Ирена Велкоска и останатите вработени и волонтери во Здружението. Неописливо е чувството да се биде сведок на детската среќа, радост и насмевка на нивната лица. Овој чин охрабрува и понатаму да се спроведуваат донации  се со цел да се придонесе за социјалниот развиток и напредок на децата.

ДСЗИ врши инспекциски надзор над здравствената безбедност над детските играчки, козметички производи и предметите за општа употреба при увоз, производство и внатрешен промет. 

Согласно претходно утврден Годишен План за мострирање, инспекторите земаат 1 или 3  примерока за мостра, зависно од субјектот на надзор (увозникот). Примерокот се дава на анализа во акредитирана лабараторија. По завршените анализи и добиено стручно мислење дека земените примероци се здравствено безбедни, субјектите се откажат од доставените примерци (втор и трет примерок), ДСЗИ во соработка со Министерство за труд и социјална политика производите ги донира во социјални установи.

Една од Мисиите на ДСЗИ е да продолжи во соработка со Министерството за труд и социјална  политика, со помош на увозниците кои ги оставаат здравствено безбедните 2 и 3 примерок , да се прават донации на ранливите и социјално загрозените групи. Посебно е битно да се нагласи дека ДСЗИ и понатаму ќе спроведува здравствена безбедност над  детските играчки, козметичките производи и предметите за општа употреба се со цел –заштита на здравјето пред се на децата, но и на граѓаните.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja