Информација за донација на ден 23.01.2023 година – ЈОУДГ “Детска радост”(клон 3) општина Струмица
На ден 23.01.2023 година, Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Асс.М-р сци. Д-р. Рената Младеновска, заедно со Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов во ЈОУДГ “Детска радост”-Струмица (клон 3), присуствуваа на отворањето на Инклузивното игралиште со поддршка на Кинеската амбасада.
За таа цел на иницијатива на Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Асс. М-р сци. Д-р. Рената Младеновска со поддршка и во соработка со Министерството за труд и социјална политика , Државниот санитарен и здравствен инспекторат донираше 72 здравствено безбедни детски играчки на ЈОУДГ “Детска радост”-Струмица (клон 3).
ДСЗИ врши инспекциски надзор над здравствената безбедност над детските играчки, козметички производи и предметите за општа употреба при увоз, производство и внатрешен промет. При вршењето на инспекцискиот надзор, граничните инспектори земаат 1 или 3 примерока за мостра, зависно од изјаснувањето на субјектот на надзор (увозникот). По завршените анализи, се добива стручно мислење дали земените примероци се здравствено безбедни.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат упатува благодарност на Директорката – Каролина Дончева и останатите вработени во градинката за искрено добредојде и врачување на Благодарница за особен придонес и соработка. Неповторливо задоволство е да се биде сведок на детската среќа, радост и насмевка.
Овој настан, чин на чиста детска радост и среќа, охрабрува мисијата на ДСЗИ во соработка со Министерство за труд и социјална политика, со помош на увозниците и понатаму да се спроведува преку донации со цел да се придонесе за социјалниот развиток и напредок на децата.
Посебно е важно да се нагласи дека ДСЗИ и понатаму ќе спроведува здравствена безбедност над детските играчки, козметички производи и предмети за општа употреба се со цел –заштита на здравјето пред се на децата, но и на граѓаните.