Објавено на Tetor 5, 2023

Информација од спроведен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар

По издадена наредба од директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во рамките на своите надлежности, ДСЗИ ПО Битола на ден 04.10.2023г. изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар во врска со наводите во медиуми за несоодветен третман на 17 годишен пациент во таа здравствена установа. Од увидот во електронската и пишаната медицинска документација, како и од изјавите на здравствените работници за пациентот , констатирана е следната фактичка состојба:

За прв пат пациентот се јавил во здравствената установа на 14.06.2023г. упатен од матичен доктор на преглед во дневната амбуланта. Извршен е преглед, изготвен извештај од специјалист психијатар, дадена е терапија и креиран дополнителен упат до ЈЗУ УК за психијатрија – Скопје. Од увидот во електронскиот систем Мој термин  е констатирано дека креираниот упат не е реализиран. Во извештајот анамнестички стои дека пациентот веќе бил хоспитализиран во  ЈЗУ УК за психијатрија во Скопје до 13.04.2023г.

На 28.08.2023г. пациентот во придружба на својот татко, бил донесен  на преглед кај дежурен лекар во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар. Пациентот е прегледан, , креиран е болнички упат, пополнет е запис за прием на пациентот поради зголемено растројство, импулсивност и агресивност.

По изјава на докторот што го примил и од анамнестичкиот запис во историјата, на родителите им било објаснето дека психијатриската болница како здравствената установа не е соодветно место за нивното дете со таа дијагноза, но поради зголемената агресивност на пациентот му е пружена здравствената грижа. Отворена е историја на болест и е хоспитализиран на адолесцентното одделение.

На 02.09.2023г. поради инцидент од страна на пациентот со хоспитализирана пациентка од истото одделение, дежурниот доктор во консултација со раководител, го префрла од адолесцентното на акутно- субакутно машко одделение за понатамошен третман.

Во внатрешната евиденција на одделението, заведено е дека е извршена фиксација во посебна тетратка и тоа на 10.09.2023 од 21-22часот и на 24.09.2023г од 11-13часот со наведена причина за фиксација, потпис и печат од докторот. За направените фиксации во два наврати кај пациентот уредно се пополнети засебни формулари од страна на лекар Ова одделение располага со засебна соба за изолација и фиксација на пациенти која на ѕидот има стакло за обсервација на пациентот од соседна просторија. Од увидот во двете одделенија каде бил згрижен пациентот затекнати се наменски ( платнени и кожни)  ремени за фиксација кои се чуваат во засебни ормари и простории на болничарите кои се заклучуваат.

Во склоп на историјата на болест е и останатата документација: анамнеза, статус, декурзус ,контролни прегеледи, план за работа на стручнот тим, сестринска листа при прием, менторска листа , терапевтска листа. На 01.10.2023г. пациентот е отпуштен од болницата со отусно писмо, во подобрена состојба со препишана терапија и препорака за редовно земање на терапијата и за редовни психијатриски контроли.

Установата располага со донесен протокол за фиксација на пациенти бр.04-219/8 од 15.09.2010г кој со Наредба од тогашен директор е дистрибуирана до вработените.Исто така спред упатството бр.17-2718/1 од 27.02.2015 година донесено од министерот за здравство „ фиксацијата е оправдана со цел да се обезбеди спроведување на акутен третман на пациент„. Во статутот на здравствената установа бр. 02-313/3 од 06.06.2019 г во чл. 9  ст.2 стои дека во установата по исклучок може да се третираат и пациенти од 16 до 18 г. возраст сместени во засебен дел од специјализираната болница.

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja