Објавено на Nëntor 10, 2023

Вонреден инспекциски надзор во училишта на територија  на Општина Карпош по добиена пријава за појава на заболувања кај ученици предизвикано од Salmonella

На ден 08.11.2023 год. од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведен е вонреден инспекциски надзор во објект – централен магацин со кој стопанисува ДПТУ „Ванила фуд„ – ДООЕЛ Скопје  од каде се снабдуваат  со прехранбени продукти кујните во училиштата на територија на Општина Карпош како и во кујните на  училиштата : ООУ „Димо Хаџи Димов „ и ООУ „Владо Тасевски„ а по добиена дојава од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје –одделение за епидемиолгија за појава на заболување кај седум деца од различни училишта во Општина Карпош со дијагноза Salmonellosis .

Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенција за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје  и ЈЗУ Институт за јавно здравје.

Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работни површини и опрема како и брисеви од жива средина – брис од грло и нос  и  копрокултура на вработени лица во посетените објекти а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните .

На ден  09.11.2023 спроведен е вонреден инспекциски надзор и во училишните кујни  на :  ООУ „Војдан Чернодрински„ ,  ООУ  „Јан Амос Коменски„ , ООУ „Братство„ и ООУ „Христијан Тодоровски  Карпош„ .

Заклучно со 09.11.2023  според добиенио податок од ЈЗУ Центар за јавно здравје –Скопје пријавени се вкупно дванаесет ( 12)  ученици со симтоми  –  стомачни тегоби и покачена телесна температура  со докажан причинител – бактерија Salmonella. Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение  времено се затворени  кујните во сите шест  (6)  посетени основни училиш како централниот магацин од каде се дистрибуираат прехранбените продукти .

Забраната за работа на училишните кујни ќе важи се до отстранување  на наложените санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки кои опфаќаат: генерално механичко чистење на просторот и опремата, вонредна дезинфекција дезинсекција и дератизација  од овластена установа како и до   добивање на негативни резултати од земените брисеви од работните  површини и опремата.

Постапувањето по добиените резултати од земените  примероци храна  е во надлежност на  Агенцијата за храна и ветеринарство. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е во постојана комуникација со ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје кој ја следи епидемиолошката состојба на терен и доколку има потреба,  според нивна проценка и понатаму ќе биде дел од координираните надзори

Publikuar në:: E paketegorizuar, Të reja